Утре во спортската сала „Билјанини Извори“, РК Вардар гостува кај екипата на ГРК Охрид, на натпревар од 6.коло во домашната Супер лига.
Натпреварот ќе започне од 18:00 часот, а истиот ќе го судат Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје, додека делегат ќе биде Славчо Каланоски од Струга.
Вардар на пет одиграни натпревари има скор од четири победи и еден пораз, додека Охрид е на последното место без победа, со еден нерешен резултат и четири порази.