Денес во просториите на ракометната федерација на Македонија, беше извлечена ждрепката за полуфиналните двојки во Купот на Македонија.
Вардар за пласман во големото финале ќе игра против екипата на Еурофарм Пелистер 2, додека другата двојка ја сочинуваат екипите на Бутел и Еурофарм Пелистер.
Полуфиналните натпревари се закажани за 13.мај, својот натпревар Вардар ќе го одигра со почеток од 17:00 часот. Завршниот турнир ќе се одржи во Кавадарци, додека големото финале ќе се одигра на 15.мај.