Големото ракометно дерби кое ќе го одлужи новиот Шампион на Македонија ќе се одигра во недела (01.05) во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток од 19:00 часот. Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Вардар.
Доколку сакаат црвено-црните да го одбранат трофејот ќе мораат да победат на гостувањето во Битола, во спротивно Еурофарм Пелистер ќе биде Шампион.
Натпреварот во недела ќе го судат најдобрите македонски судии, се работи за Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Душко Камишевски ќе биде делегат, додека натпреварот ќе го контролира Камер Металари од Скопје.
На претходниот натпревар против Охрид во тимот го немаше Дибиров, додека пред крајот на мечот се повреди и Стоилов, останува да видиме дали овие двајца играчи ќе настапат на неделното дерби.