Генерациите 2007 и 2008 на ФК Вардар стигнаа до убедливи победи на натпреварите од 6.коло во Регионалната Скопска Лига. На теренот во населбата Хиподром, вардаровите надежи беа подобри од екипата на Фортуна.
Генерацијата 2007 високо ја победи екипата на Фортуна со резултат 8:0, а сите дилеми околу конечниот победник беа решени уште во првото полувреме, кога избраниците на Влатко Колев имаа водство од 7:0. Иван Блажевски беше играчот кој во 3.минута отвори за водство на Вардар од 1:0, додека само две минути подоцна противничката мрежа ја затресе и Михаил Јорданоски за водство од 2:0. Шансите пред голот на гостинската екипа се редеа како на филмска лента, а следен кој се запиша во листата на стрелци во 8.минута од дуелот беше Петар Давитов кој зголеми на 3:о. Нов играч успеа да постигне гол за Вардар, тоа беше Филип Смиљков, се играше 11.минута кога водството на Вардар веќе беше 4:0. До крајот на првиот дел уште три пати ја тресевме мрежата на Фортуна, а головите беа дело на Мичо Поповски, Фуад Керими и уште еден погодок на Петар Давитов, за резултат 7:о на полувреме.
Во второто полувреме падна само еден гол, истиот го постигна Петар Давитов, за кој ова беше денес хет-трик. Конечниот резултат на крајот гласеше 8:0 во корист на Вардар.
Вардар: Лука Јаневски, Мичо Поповски (К), Алексеј Ивановски, Филип Смиљков, Фуад Керими, Петар Котевски, Петар Давитов, Иван Блажевски, Михаил Јордановски, Стефан Јаневски и Марко Крстевски.
Играа уште и Јовица Спасовски, Лука Рајчин, Војо Стојаноски и Бедри Садики.
До победа на натпреварот против Фортуна, стигна и генерацијата 2008. Иако имавме негатива од еден гол, сепак на крајот Вардар ја однесе победата со резултат 5:2. Гостинската екипа уште во 5.минута успеа да го отвори резултатот, но вардарци после 15.минути игра вратија со голот на Илија Митаноски за 1:1. До крајот на првиот дел направивме резултатски пресврт и со голот на Петар Блажевски во 33 минута поведовме со 2:1.
Бевме подобри од противникот и во вториот дел на натпреварот, кога противничката мрежа ја затресе Јаков Стојковски во 48.минута од мечот за водство од 3:1, за во 50.минута Омер Идризи да донесе предност од 4:1. Во 55 минута гостинската екипа го намали резултатот на 4:2, додека конечните 5:2 на мечот со својот втор гол ги постави Илија Митаноски.
Вардар: Дарко Јовчев, Филип Цветковски, Иван Ташовски (К), Леонид Стамчевски, Илија Митаноски, Омер Идризи, Петар Блажевски, Дамјан Буцевски, Бетим Садики, Никола Јовановски и Марко Шотаровски.
Играа и Јаков Стојковски и Максим Дошев.