Tuesday ,08 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вардаровите пионери „пресилни“ за Голден Арт
Вардаровите пионери „пресилни“ за Голден Арт

Вардаровите пионери „пресилни“ за Голден Арт

Пионерите на ракометниот клуб Вардар со победа го завршија регуларниот дел од сезоната. Во рамките на последното коло во групата А, избраниците на Зоран Петковски славеа на гостувањето кај екипата на Голден Арт со резултат 16:30.

280065791_718548802516768_4754836742558390820_n

Домашната екипа даде отпор само во првото полувреме, кога на кратка пауза се замина со резултат 10:12 во корист на Вардар. Во првиот дел гледавме игра гол за гол, период во кој и двете екипи се менуваа во предност, која не беше повисока од еден гол разлика. Така беше се до последните пет минути од првиот дел, кога при нерешен резултат 8:8, Вардар направи серија од 1:4 и поведе со 9:12.

Во вториот дел гледавме поинаква слика на теренот, Вардар беше тимот кој го диктираше темпото на игра и ја зголемуваше предноста. Работите полека стануваа јасни кога момците на Зенга поведоа со 11:16, а од тие моменти Голден Арт веќе не успеа да се врати во игра. Како се ближеше крајот на натпреварот, така растеше разликата во корист на Вардар, истата достигна и двоцифрена, кога на семафорот стоеше резултат 15:25. Последните минути од мечот беа само рутина за нашите пионери, кои на крајот однесоа висок триумф со резултат 16:30.

Вардар имаше неколку расположени стрелци на овој натпревар, а како најефикасни се покажаа Никола Нечовски и Матеј Тевдовски кои постигнаа по 6 голови, додека Петар Илиевски и Томислав Стаменков имаа по 5 погодоци. Во листата на стрелци се запишаа уште и Стефан Лазаревски и Петар Настов со по 3 гола, додека 2 гола беа дело на Димитар Брзачки.

За вардаровите пионери „виси“ пласманот во 1/4 финалето, иако ќе завршат како второпласирани во својата група зад екипата на Бисинов, сепак поради откажувањето на Металург, сега тие освоени бодови против овој противник најверојатно ќе се избришат. Сепак, ќе ја сочекаме конечната одлука на РФМ и ќе видиме дали Вардар ќе има шанса да се бори за еден од медалите.