Утре на програмата се полуфиналните натпревари од ракометниот Куп на Македонија.
Во првото полуфинале кое стартува од 17:00 часот ќе се сретнат екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер 2, додека во вечерниот термин од 20:00 часот силите ќе ги одмерат екипите на Бутел и Еурофарм Пелистер.
РФМ ги делегираше судиите за натпреварот на Вардар, честа да ја делат правдата ќе ја имаат Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски од Скопје, додека делегат ќе биде Душко Камишевски од СКопје.
Големото финале на програмата е во недела (15.05) со почеток од 19:30 часот. Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат финалниот натпревар.