Управата на Вардар полека но сигурно го составува ростерот за идната натпреварувачка сезона. По Дуарте, нов играч на Вардар ќе биде и Павел Андреев од Русија.
Станува збор за кружен напаѓач кој има 29-години (194/105), доаѓа од рускиот шампион Чеховски Медведи, каде што игра од 2006 година, но од 2014 во првиот тим, а потекнува од Санкт Петербург. За националниот тим на Русија настапува од 2019 година и беше дел од две ЕП и две СП.
Андреев ќе му прави друштво на Дибиров во новата сезона како играчи до Русија.
Да потсетиме дека Вардар покрај со овој двајца играчи, се засили со Цехте и Анѓелиќ. Во текот на утрешниот ден очекуваме официјална потврда од Вардар за овој трансфер.