Генерацијата 2009 на ФК Вардар предводена од Зоран Петковски ќе игра во второто елиминациско коло, откако беше подобра од екипата на ССК. Нашите млади надежи славеа убедлива победа со резултат 8:0.
Голема разлика во квалитет кај двете екипи, која на крајот заврши со висок резултат во наша корист. По четири голови успеавме да постигнеме во двете полувремиња од натпреварот. Во првиот дел стрелци на головите беа Алек Чедомирски, Матеј Николов, Јаков Стојковски и Мартин Атанасовски. Во второто полувреме мрежата на противникот ја тресеа Павел Котевски-Митровски, Мартин Атанасовски, Давид Колевски и Коста Бошковски, за конечни 8:0. На тој начин, оваа вардарова генерација продолжува понатаму во Детската Лига.
Погледнете фотографии од натпреварот.