Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победи за генерациите 2007 и 2008 на натпреварите против Њу Старс
Победи за генерациите 2007 и 2008 на натпреварите против Њу Старс

Победи за генерациите 2007 и 2008 на натпреварите против Њу Старс

Генерациите 2007 и 2008 на ФК Вардар стигнаа до нови победи во рамките на Регионалната Скопска Лига. На натпреварите во рамките на 8.коло нашите млади надежи на теренот во населбата Хиподром беа подобри од екипата на Њу Старс.

Генерацијата 2007 на Вардар славеше со резултат 4:1, сите пет голови на овој дуел беа постигнати во вториот дел од натпреварот. Избраниците на Влатко Колев имаа свои шанси и во првиот дел од мечот, но сепак гостите некако одолеваа на нападите и ја сочуваа мирна мрежата во првите 40 минути.

Прашање на време беше кога ќе успееме да го отвориме резултатот, тоа се случи во 50 минута од натпреварот кога Фуад Керими му донесе предност на Вардар од 1:о, за истиов играч само три минути подоцна со својот втор гол да го зголеми резултатот и на 2:0. Се играше 63.минута кога играчот на гостинската екипа, Јован Коцески, постигна гол и го намали резултатот на 2:1. Црвено-црните беа подобрата екипа на теренот и не оставија ништо н случајноста. Вардар имаше уште еден двоен стрелец на овој дуел, се работи за Петар Давитов кој со погодоци во 72 и 76 минута ги постави конечните 4:1.

Вардар: Лука Јаневски, Мичо Поповски (К), Филип Смиљков, Фуад Керими, Петар Котевски, Петар Давитов, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски, Лука Рајчин, Бедри Садики и Марко Крстевски.

До победа со резултат 3:1, стигнаа и помладите петлиња на Вардар во дуелот со врсниците од Њу Старс. Иако имавме негатива, сепак на крајот, Вардар се радуваше на победата.

Довчерашниот играч на Вардар, во моментов на Њу Старс, Матеј Киш, беше играчот кој по смо пет минути игра му донесе предност на противникот од 0:1. Сепак момците на Колев тргнаа офанзивно гон голот на гостите, таквата игра во 28 минута беше наградена со израмнувачки гол, дело на Бетим Садики, за резултат 1:1 по првиот дел.

По само шест минути игра во вториот дел стигна и пресвртот, за нас погоди Омер Идризи, додека конечните 3:1 беа дело на Петар Блажевски во 68.минута од натпреварот во регионалната Скопска лига. Од 63 минута игравме со играч помалку поради исклучувањето на Буцевски кој доби директен црвен картон.

Вардар: Дарко Јовчев, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Леонид Стамчевски, Матео Кесиќ, Иван Ташовски (К), Душан Бојовиќ, Омер Идризи, Петар Блажевски, Дамјан Буцевски и Бетим Садики.

Играа уште и Даријан Денковски, Никола Јовановски и Марко Шотаровски.