Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери поразени, пионерите со бод од гостувањето кај Победа
Пом.пионери поразени, пионерите со бод од гостувањето кај Победа

Пом.пионери поразени, пионерите со бод од гостувањето кај Победа

Денес во Прилеп, своите натпревари од 24.коло ги одиграа пионерските екипи на ФК Вардар кои гостуваа кај екипата на Победа.

На натпревар кој немаше резултатско значење за нашиот состав, помладите пионери на Вардар беа поразени од Победа со резултат 4:1. По обезбедување на Шампионската титула, на денешниот дуел тренерот на црвено-црните, Сашо Јанев, шанса за игра им даде на играчите кои во текот на сезоната имаа помала минутажа. Екипата од Прилеп уште на полувреме се стекна со солидна предност од три гола, откако постигнаа голови во 9. 20 и 25 минута од мечот преку Арифи, Шарковски и Миновски, за на полувреме да имаат водство од 3:0.

Во вториот дел, со нов погодок на Арифи, домаќинот зголеми на 4:0, додека почесниот гол за нас на овој првенствен дуел го постигна нововлезениот Марко Николовски, кој ги постави конечните 4:1 на овој натпревар во помладата Пионерска Супер лига.

Вардар: Стефан Нанчовски, Дамјан Крстевски, Михаил Танчев (К, Окан Џемајл, Мирза Хасиќ, Дарис Грбовиќ, Максим Цониќ, Матеј Анастасов, Михаил Николов, Давид Цековски и Матеј Ѓорѓиевски.

Играа уште и Марко Николовски и Дамјан Алексовски.

Победа е наш противник и во големото финале на националниот Куп.

Пионерите на Победа и Вардар одиграа со нерешен резултат 1:1, со голови во вториот дел од натпреварот. Вардар прв успеа да го отвори резултатот со голот на Дарко Сековски во 53,минута, додека домаќинот израмни во 62.минута преку Крстески.

Вардар: Илија Апостоловски, Влатко Кулуковски, Зоран Фидановски, Матеј Митревски, Лука Јакимовски, Тино Спасиќ, Михаил Кузмановски (К), Дарко Сековски, Стефан Ристовски, Никола Уневски и Агрон Туша.

Во игра влегоа и Филип Радевски и Алексеј Стефаноски.