Денес на теренот во населбата Хиподром, своите натпревари од последното 26.коло ги одиграа кадетите и младинците на Вардар кои беа домаќини на Ренова. Двата натпревари завршија со идентичен резултат 1:1.
Кадетите на Вардар и Ренова ги поделија бодовите, откако одиграа со нерешен резултат 1:1. Вардар прв успеа да го отвори резултатот со голот на Лука Недељковиќ за 1:0, додека гостинската екипа во 76 минута го израмни резултатот на 1:1 преку Мамути, што беше и конечен на овој последен натпревар за сезонава.
Вардар: Никола Филевски, Леонид Миноски, Лука Ивановски, Кристијан Таневски (К), Андреј Петровски, Филип Јовановски, Филип Блажевски, Никола Анчевски, Лука Недељковиќ, Мартин Славев и Драган Трајковски.
Играа уште и Стефан Нанчовски, Матеј Анастасов, Мирза Хасиќ и Дамјан Крстевски.
И младинскиот натпревар на Вардар и Ренова, заврши со резултат 1:1. Вардар и тука имаше прв водство, со голот на нововлезениот Нијаз Јусуфи во 74.минута, за само три минути подоца, гостинската екипа да го израмни резултатот преку Абдулата на 1:1, што беше и конечен на овој натпревар од последното 26.коло во младинската Супер Лига.
Вардар: Гоце Јовчев (К), Дарко Трпезановски, Христијан Гроздановски, Филип Ѓорѓиевски, Сандро Каровски, Абдула Хасани, Славче Живков, Стефан Стојановски, Горјан Цветков, Мартин Илиевски и Марио Ричков.
Играа уште и Симеон Здравковски, Нијаз Јусуфи и Филип Трајковски.