Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЖРК Вардар со победа над Чаир ја затвори сезоната
ЖРК Вардар со победа над Чаир ја затвори сезоната

ЖРК Вардар со победа над Чаир ја затвори сезоната

ЖРК Вардар, денес го одигра последниот натпревар од оваа сезона, на домашен терен попладнево бевме домаќини на тимот на ЖРК Чаир. Девојките на Ристова и Царчев дојдоа до победа со резултат 31-28 (15-11).

284151763_10221486479813586_2161729201443105594_n

На почетокот беше изедначено, двата тима имаа неколку резултатски симетрии на семафорот (1-1, 3-3, 4-4, 6-6, 7-7), потоа гостинот се одлепи на 7-9, но нашите девојки со серија 3-1 се вратија на реми, 10-10. Продолживме со серијата, во одбраната бевме подобри, во нападот казнуавме од 7-9 до крајот на првите 30.минути имавме серија, 8-2 со која на одмор заминавме со предност од четири гола, односно со резултат 15-11.

284557843_10221486478413551_8727710594432420149_n 284429846_10221486482253647_6976248310203665287_n 283976918_10221486477013516_7753504023206112008_n

Во вториот дел продолживме со добрата игра, ние бевме тимот кој диктираше темпо и поведовме со седум гола предност ( 22-15) по тој момент се беше јасно околу победникот, ние бевме тим кој доминираше на теренот и кој ја имаше победата во рака.  Бевме подобри во двата правца, противникот единствено до крај успеа да намали дел од водството ан црвено-црните дами. Ние го исконтолиравме дуелот и го добивме со резултат 31-28.

283106557_10221486478933564_1833894047393453655_n 283600472_10221486481413626_6055395459540809706_n

Кај нас Галевска Марија, Коцева Борјана и Коцева Бојана имаа по пет гола, гол помалку имаше Стојановска Михаела. Илиќ сопре 9.удари, Трајкоска денес одбрани 3.топки.

283462459_10221486479933589_6554731169343518930_n

Ова беше последен дуел за Ристова Драгана на нашата клупа, покрај неа заминуваат два играчи Катерина Дамјаноска и Марија Николовска. 

284947773_10221486677178520_3989228319432838143_n