РК Вардар ја обедини двојната круна во Македонија, откако успеа и по 15. пат да стане освојувач на домашното првенство и Купот.
Од следната сезона, црвено-црните повторно ќе ги гледаме во Лигата на Шампионите, откако ЕХФ веќе потврди 7 од 16 екипи, кои во новата натпреварувачка сезона ќе бидат дел од најсилното ракометно натпреварување.
Покрај Вардар, сигурно учество имаат и екипите на Магдебург, Барселона, ПСЖ, Киелце, Порто и Динамо Букурешт.