Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа за генерацијата 2007 против екипата на Милано, генерацијата 2008 загуби на гостувањето во Куманово
Победа за генерацијата 2007 против екипата на Милано, генерацијата 2008 загуби на гостувањето во Куманово

Победа за генерацијата 2007 против екипата на Милано, генерацијата 2008 загуби на гостувањето во Куманово

Денес со генерациите 2007 и 2008 гостувавме кај екипата на Куманово-Милано, на натпревари од 9.коло во Регионалната-Скопска Лига. На овие натпревари остваривме половичен успех од една победа и пораз.

Генерацијата 2008 на Вардар доживеа пораз на овој дуел со конечен резултат од 2:0. Уште во 1.минута од натпреварот домашниот тим успеа да го отвори резултатот на 1:0 со голот на Јашари. Црвено-црните имаа свои шанси на овој натпревар, кои за жал останаа неискористени. Во вториот дел, екипата на Милано постигна уште еден гол во нашата мрежа, Билали беше играчот кој во 55.минута ги постави конечните 2:о на овој меч од Регионалната Скопска Лига.

Вардар: Дарко Јовчев, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Леонид Стамчевски, Матео Кесиќ, Иван Ташовски (К), Омер Идризи, Петар Блажевски, Дамјан Буцевски, Бетим Садики и Стефан Марковски.

Во игра влегоа и Даријан Денковски, Никола Јовановски и Марко Шотаровски.

До победа стигна вардаровата генерација 2007 која беше подобра од Милано, со конечени 0:2. Бевме подобри на теренот и на крајот сосема заслужена победа за момците на Влатко Колев. Во 9.минута од натпреварот со авто голот на Билали, успеавме да се стекнеме со предност од 0:1, резултат кој беше актуелен на полувреме. Во второто полувреме, постигнавме уште еден гол во мрежата на домашната екипа, стрелец на голот беше Петар Давитов, кој ги постави конечните 0:2 на натпреварот.

Вардар: Лука Јаневски, Мичо Поповски (К), Алексеј Ивановски, Филип Смиљков, Фуад Керими, Петар Котевски, Петар Давитов, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски, Лука Рајчин и Марко Крстевски.

Играа уште и Ерон Садики и Бедри Садики.