Пионерите на РК Вардар 1961 беа дел од турнир кој се одигра во Гостивар, домаќин на истиот беше тимот на Јехона. Момците на Зоран Петковски-Зенга дојдоа до злато на истиот и освоја две поединечни признанија.
Ние во полуфиналето се сретнавме со тимот на РК КЛ-7 од Струга, на оваа средба доминиравме во сите аспекти на ракометната игра и победивме со високи 15.гола разлика. Триумфот дојде со резултат 37-22, со оваа победа обезбедивме пласман во финалниот натпревар.
Во истиот се сретнавме со тимот на домаќинот, екипата на РК Јехона и на оваа средба избраниците на Зенга беа тие што го диктираа темпото и го контролираа резултатот. Дојдовме до уште една голема победа, овој пат со 16.гола повеќе. Ние дојдовме до првиот пехар со оваа новоформирана селекција, со резултат 40-24.
По крајот на турнирот беа избрани најдобрите, две награди заминаа во рацето на црвено-црните пионери. Матеј Тевдоски се закити со признанието за најкорисен играч (МВП), а Бошко Ѓорѓиевски е прогласен за најдобар голман.