Заврши второто издание на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во женска конкуренција, за генерација родени 2000/2001 година. Во големото финале се стретнаа двете кадетски екипи на Жрк Вардар. Подобри беа Рк Вардар, кои го победија Рк Вардар Јуниор со резултат 23:11. Во текот на целиот натпревар победникот на овој дуел имаше водство и на крај сосема заслужено го освои првото место. Рк Вардар го предводеше Анжела Платон, додека нејзината помошничка Александра Кузмановска седеше на клупата на Рк Вардар Јуниор.
На крајот на свеченото затварање на турнирот беа доделни наградите за најдобрите поединци и се избра идеалниот тим на завршниот турнир. Деспина Буцевска од редовите на Рк Вардар беше избрана за најдобар голман. Во идеалниот тим, пак се најдоа три ракометарки од кадетските екипи на Вардар. Најдобар среден бек е Анастасија Нелоска (Рк Вардар), позицијата лево крило и припадна на ИвонаТрпевска (Рк Вардар-Јуниор),додека Бојана Диневска( Рк Вардар) е најдоброто десно крило на турнирот во кадетска конкуренција.