Во сезоната 2022/2023 во Женската лига се пријавија 16 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи и до крајот на годинава ќе одиграат по 14 кола. На пролет ќе се игра во плеј-оф и плеј-аут , кога ќе се играат по дополнителни осум кола со екипите од другата група. Вардар е дел од групата А, каде ќе игра вицепрвакот Куманово, Чаир, Пелистер , Шампион, Гевгелија, Спартак и Скопје. Во продолжение распоредот од есенскиот дел.