Вчера, машката младинска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на ЕХФ шампионатот во Варна, откако славеше над Косово со убедливи 22 гола разлика, 51-29.
Победникот беше решен уште по првиот дел кога Македонија направи огромна залиха од 11 погодоци, црвено-жолтите момци водеа со 22-11 за време на паузата. На почетокот на второто полувреме Македонија зголеми на 26-12 и до крајот на мечот имаше само рутински да се одработи, победата дојде со постигнати над 5о.погодоци, односно со резултат 51-29.
Сите ракометари освен голманите, се запишаа во листата на стрелците. Најдобар стрелец во македонскиот состав беше Белистојаноски со десет гола. Вардарци имаа заедно седум гола, Марио Стојановски постигна шест гола, а пикерот Александар Стојменов погоди во еден наврат.