Освојувачот на шампионската титула од сега веќе изминатата сезона, тимот на Вардар утре ќе ги ,,запали моторите” и ќе означи официјален старт на новата сезона.
Интересно е тоа што утре првиот собир тимот нема да го има во СЦ. ,,Јане Сандански” , туку во скопската населба Кисела Вода, односно во Основното училиште „Круме Кепески“.
Предводник на Вардар утре ќе биде Владо Недановски кој ќе ја води екипата оваа сезона. На утрешниот прв собир очекуваме во тимот да се појават и првите sвезди на Вардар сезонава Томовски, Моралес, Талески, Стоилов..