Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > Комити > ,,Комити”: Денес заедно созреавме, а веруваме дека ќе доживееме и негова длабока старост, Гелзенкирхен – Скопје !
,,Комити”:  Денес заедно созреавме, а веруваме дека ќе доживееме и негова длабока старост,  Гелзенкирхен – Скопје !

,,Комити”: Денес заедно созреавме, а веруваме дека ќе доживееме и негова длабока старост, Гелзенкирхен – Скопје !

На денешен ден пред точно 18 години, во рамките на 3-то коло на тогашниот Интертото Куп, во Гелзенкирхен се сретнаа Шалке04 и нашиот Вардар.
.
Момците од Гелзенкирхен се сетија на овој ден, кој всушност беше и денот кога за првпат стапивме во контакт, и за големо изненадување, покрај културните и разликите во менталитетот, свативме колку сме ние истовремено и слични.
.
Привилегијата први да се сретнат низ улиците на Гелзенкирхен од Скопје ја имаа момците од Лојал Фанс, кои тогаш функционираа одделно од матичната група Комити.
Во неколку наврати сме ја опишале првата средба, а сега може и една мала анегдота токму од овој ден пред 18 години, на останатиот дел од Комити, кои тргнаа малку подоцна.
Денот е 23 Јули 2004-та, часот е 11:00. Сеуште немаме обезбедено превоз, заради тоа што неколку предходно откажаа. Случајно налетуваме на еден превозник кој се нафаќа да не вози…арно ама, шоферот нема зелен картон, нема ни втор шофер…а нема ни виза
Брзо вадиме зелен картон, се што треба останато и се упатуваме на главното место и главната мисија Вадење виза за помалку од 24 часа !
.
Оваа прилика би ја искористиле да се заблагодариме на персоналот на Германската Амбасада од тоа време, особено една особа која вистински не засака и навистина ни излезе во пресрет, а ние никогаш не ја разочаравме, а соработката траеше навистина долго. Ви Благодариме г-ѓа Клаудија
Се убедувавме извесно време, и се тетеравиме да не кажеме дека се работи за фудбалски натпревар од Евро Куповите помеѓу Вардар и Шалке04, и на крајот се отвараме и кажуваме како што е се. Таму у Амбасада да ти се погоди навивач на Шалке, кој со насмевка вика “па што не кажавте одма”. Опа, ова е добар знак, сите дотерани и насмеани. Дај пасошот и документите М1, М2 и се останато и за 24 часа визата е спремна !
Чекај малку ! Па веќе е 16ч за 24 часа повторно ќе биде 16ч, логика нели?
Ништо не можеме порано, процедури…Добро, како за сите така и за нас !
.
У Фактурата читаме “Автобус за висок туризам” ај ќе го спичиме 120 и стигаме кнап со се граници…
Сите во добар дух насмеани, еј со автобус за висок туризам ќе патуваат Комити !
Зборно место Железничка уште во 14:00, пошто нели ние сме дисциплинирани, и сите на број…но, го нема шоферот. Човекот се успал, одиме го собираме од дома, чекај вика “едно кафе да се напијам”.
Абе човек, знаеш ли ти дека у Амбасада со визата даваат Немачко кафе, и држи 24 часа. Јебеш турско денес пиеме Немачко
.
Визата точно на време, 5 минути порано дури. “Среќен пат и да бидете умни”, фала фала ние нели секогаш сме умни
Кај идеме сега? Кај автобусот “за висок туризам”…
Стигаме, и го бараме…На паркингот само еден автобус, и тоа за превоз на ученици. Ајде не е тој, ќе дојде кај и да е…Кога тој школскиот превоз доаѓа наваму…Вие за Германија да не сте? Да, да, го чекаме превозот.
Па дојде превозот, качувајте се.
Влегуваме, и гледаме седишта по 30cm ширина без потпирачи…
Ајде сме се возеле и у приватна 19ка без седишта до Тетово, не е страшно.
Ентузијазмот на максимум !
.
Стигаме на зборно место, и праиме паника за побрзо да влеземе, немаме време. Сите влагаат, се сместуваат, и тргаме одма. Ух воздишки, никој ништо не искоментира…
Стигаме до Хиподром и првите коментари “чекај ова ли е тој висок туризам?”, сите се смеат и продолжуваме…Стигаме на Рафинерија и од задниот дел на автобусот иде “Мајсторе застани одма”. Овој кочи нагло, и од таму излагаат најкрупните тројца “Браќа среќен пат, ќе пробаме да стигнеме со авион”. Дел разочарани, дел тие што седеа доле на патос си викаат боље на пола нога отколку доле во калта
Саатот е веќе 19:00, натпреварот започнува за 22ч а според најдобрите проценки се стига за 24 часа…Не ни иде вака у прилог математиката. Ние не сме влегле ни во Србија, а шоферот у паника “абе не смеам побрзо – Тахографот”
.
Поминуваме граница, стигаме кај Ниш, и одеднаш магла, видливост 20 метра, шоферот вози 60. Мајсторе дај гас, ама нема фајде. Но за среќа доаѓа време за промена на шоферот, “спиј мајсторе, во сигурни раце си “. Не му беше смешно, но уморен беше човекот заспа за 5 минути. Удри мајсторе ! Примена наредба и веќе сме на Хрватска граница. “Мајсторе стани, поминуваме граница”, човекот станува гледа уште е ноќ, дава пасош. Поминуваме и тука. “Легни шефе, нејќеш да се качиш горе да видиш што се дешава, у багажник имаш креветче нанкај си ” Си легна, и на Словенско – Австриска граница не го ни разбудивме, поминавме со пасошот…
.
Веќе длабоко навлезени во Германија и во сета галама внатре, слушаме тропкање…Ништо некој од автобусот влегол у ритам, тераме.
По извесно време тропкање посилно…
“Еј ај не тропајте, рековме го чуваме автобусот ко да е наш”. Никој не мрда у бусот, и тропкањето се интензивира и преминува во неиздржливи звуци на силно лупање. Мајсторе стој ! Кочиме. Абе шоферот порасна од спиење, ај да го разбудиме
.
Го будиме, а ни текна доле има јадење, пиење, да не е гладен ни жеден. Али заборавивме, а на некој од средина на бусот му текна “Абе нема ВЦ”. Да бе, отвараме гепекот и слушаме пцуење на Валандовски, додека трча со тоалетната у ВЦ-то на бусот . А ние таман да му кажеме, чекај сега таму сега беше, кој ли беше, додека ни текне да му кажеме да излуфтира веќе влезе. Како влага во бусот пречекан беше со громогласен аплауз од сите, па малку го фати срам и трема, така не примети одма дека ние тука веќе отворивме Паб со сите нишани, дури и осветлувањето изгледа поинаку Кога излезе останати беа уште 100км и уште цели 3 часа, и се автопат, нели Германија е тоа. Седнува и збунет малку од таблите прашува “Виена ја поминавме?”
.
По прописи повторно стигаме на 1 час пред натпреварот, а и ги менувавме тахографите на 6 часа, пошто нели се менувавме внатре? Па не може еден човек да вози цело време додека другарите му пијат со мезе
Он не дојде на утакмица, ама ги проанализирал тахографите во меѓувреме како одговорен шофер, и доаѓаме накај автобус на враќање и човеков блед, вика како ќе поминеме на Хрватска граница, таму проверуваат тахографи. А он не знае дека кога не возат нас, навивачите, и цариниците прогледуваат низ прсти, па што ќе прават, ќе не држат повеќе на граница? Па не им е во интерес, знаат они
“Уживај мајсторе, на наша одговорност, ќе средиме ние”.
Не ни поверува се разбира, но барем се насмеа, што од немоќ, што од тоа што и самиот влезе во нашиот филм, па се сети дека можеби се и во право чим толку долго опстоиле како посебни и препознатливи, тогаш 17 години, а денес во ист стил веќе 35 години.
Да не ви кажуваме како поминавме кога не стопираа сообраќајна полиција на идење во Германија, и на враќање во Словенија
.
Да не ви кажуваме па што се дешаваше во автобус
Нека остане вака убаво и романтично, пошто нели од тој ден кога и настана братството, за кое ќе пишеме во друга прилика, денес веќе истото доживеа полнолетство и зрелост. Од тогаш и ние доста созреавме и научивме…Но во автобус на гостување, работите не се измениле ама баш ич.
.
Денес заедно созреавме, а веруваме дека ќе доживееме и негова длабока старост ❗️
Гелзенкирхен – Скопје !
Вардар & Шалке !
Комити & UGE !