Вардар 1961 ги започна подготовките за новата сезона, тивко, мирно и во мала училишна сала во Скопје. Во основното училиште „Круме Кепески“, Владо Недановски ги построи своите пулени и означи старт на подготвителниот период.
Добрата вест е што во тимот и во новата сезона останува и дефинитивно полскиот репрезентативец Јан Чувара. Чувара оваа сезона ќе биде стартно лево крило и ќе има можност да го покаже сијот свој потенцијал. Останува да видиме која ќе му биде втората опција на таа позиција по заминувањето од тимот на Тимур Дибиров.
Нови играчи засега во тимот се Милан Лазаревски и повратникот Стефан Атанасовски.