Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го победи Алкалоид, Томовски имаше 15 одбрани
Вардар го победи Алкалоид, Томовски имаше 15 одбрани

Вардар го победи Алкалоид, Томовски имаше 15 одбрани

Вардар со победа го стартуваше 50.издание на ракометниот турнир во Струга. Вечерва вардарци беа подобри од екипата на Алкалоид со резултат 24:22.

На полувреме, Вардар имаше водство од 12:10, иако во еден период од првото полувреме имаше и највисоки пет голови разлика. Добро започна натпреварот за избраниците на Недановски, кои со двата гола на Талески поведоа со 2:0, додека Томовски набрзина нанижа три одбрани, а Маркоски донесе прво израмнување на натпреварот од 2:2.

Како течеше првиот дел, Вардар го зголемуваше водството, следеа два гола на Георгиевски, за во 10.минута да имаме предност од 5:2. Томовски беше добар на голот, веќе стигна и до петта одбрана, додека со головите на Карапалевски и Моралес во 17 минута имавме најголеми пет гола разлика (10:5). Тука како да застана Вардар, следеше лош период од 12.минути во кој постигнавме само еден гол, додека Алкалоид направи серија од 1:5, за намалување на 11:10. Со удар на Томовски од својот гол успеавме да ја прекинеме серијата и да поведеме со 12:10, додека репрезентативниот голман успеа да одбрани и седмерец на Алкалоид и да ја забележи својата осма интервенција. На пауза се замина со наше водство од 12:10. Георгиевски имаше 4 гола, додека Талески 3 погодоци.

Лош старт за Вардар во вториот дел, после само три минути игра, противникот со серија од 0:3 за прв пат на мечот поведе со 12:13. Ова беше знак за Недановски да побара тајмаут и да ги смири своите играчи. Вардар брзо враќа на серијата на Алкалоид, па со погодоците на Талески, Стоилов и Моралес поведе со 15:13 во 37 минута. Момците на Лазаров одржуваа резултатска рамнотежа и на средина на вториот дел, ние имавме само еден гол предност. На девет минути пред крајот, Томовски со својот втор гол, успеа да му донесе водство на својот тим од 21:19, откако претходно одбрани и зицер удар на противнички играч. Се ближеше крајот на натпреварот, Вардар успеа да се одлепи на 23:20, откако Томовски стигна и до 14 одбрани. На крајот минимален триумф за нашиот шампион со резултат 24:22.

Филип Талески беше најефикасен кај нас со 7 голови, Томовски имаше 15 одбрани.