ЖРК Вардар го освои третото место на турнирот „Ѓорче Куп 2022“ откако со гол во последната минута го победија тимот на Борац Бања Лука, 26-25. Во меч полн со неизвесност каде прво Вардар имаше иницијатива и предност од неколку гола, а како одминуваше натпреварот така се менуваше и резултатот. Победникот се решаваше во последните моменти
Борац имаше предност од 24-22 во последните минути, а Вардар направи целосен пресврт и прво израмни на 25-25, а потоа и постигна гол за радост на клупата.
Магдалена Тошевска го постигна победничкиот гол за Вардар во последната минута, оставајќи им шанса и време на гостинките од БиХ да организираат напад. Но, тие не успеаја да ја пробијат одбраната на скопјанки, и беа принудени да направат грешка. Така вардарки можеа да почнат и да слават.
Најефикасна во тимот на Вардар беше Ивона Трпевска со 11 гола, пред Магдалена Тошевска со 7 гола.