Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар добива финансиска инјекција од Општина Аеродром
Вардар добива финансиска инјекција од Општина Аеродром

Вардар добива финансиска инјекција од Општина Аеродром

Општина Аеродром ќе го помогне ракометниот клуб Вардар со 1.200.000 денари, соопшти вчера градоначалникот Тимчо Муцунски.

„Помош за РК Вардар кога е најпотребно! Вечерва Советот на Општина Аеродром на моја иницијатива даде поддршка за македонскиот бренд РК Вардар. Со ребалансот на буџетот, покрај развојните инвестиции и капиталните проекти кои се предвидени, Општина Аеродром издвојува и 1.2 милиони денари за поддршка на македонскиот шампион“, се вели во дел од соопштението на градоначалникот Муцунски. 

- Потег за почит на Општина Аеродром.