Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Царчев и подмладениот Вардар го положија тестот
Царчев и подмладениот Вардар го положија тестот

Царчев и подмладениот Вардар го положија тестот

Александар Царчев и девојките од ЖРК Вардар изминатите три дена беа дел од второто издание на меѓународниот турнир „Ѓорче Петров Куп 2022“, каде дојдоа до „бронзата“.

Царчев прв пат го водеше тимот како кормилар, односно како прв тренер и имаше успешно деби. Тимот ни е значајно подмладен оваа сезона, заминаа неколку девојки, а нивното место го пополнија млади вардарки. Освен освојувачот  Бекамент Буковичка Бања  кој имаше подобар скор од нас ние сме одма зад него, со две победи и еден пораз како и тимот на Ѓорче Петров кој има идентичен скор на турниров(две победи и  еден пораз), тоа е факт кој радува. Успеавме да совладаме две странски екипи во соочувањата, тимовите на ЖРК Бор од Србија и ЖРК Борец Бања Лука од Босна и Херцеговина. Солидни бевме и на мечот со Ѓорче Петров. Имавме позитивна гол разлика збирно на овој турнир, одлични бевме во одбраната и солидни во нападот, пред нас е остатокот од подготовките на кои ќе се работи на финалното укопување на колективот и подобрување на физичко-техничката подготовка.

Прв  стрелец  на турнорот беше Трпевска Ивона со 23.гола, изненадувачки втор стрелец со 16.погодоци беше кадетката, Тошевска Магдалена која е „добивка“ за тимот од овој турнир. Уште една млада девојка, кадетската репрезентативка Сара Стефаноска со 14.гола ја сочинува топ-3 листата на стрелци. На голот Илиќ собра 32.одбрани на натпреварите односно во просек речиси 11.одбрани по одигран натпревар.