Општина Аеродром ќе го помогне ракометниот клуб Вардар со 1.200.000 денари, соопшти вчера градоначалникот Тимчо Муцунски.
„Помош за РК Вардар кога е најпотребно! Вечерва Советот на Општина Аеродром на моја иницијатива даде поддршка за македонскиот бренд РК Вардар. Со ребалансот на буџетот, покрај развојните инвестиции и капиталните проекти кои се предвидени, Општина Аеродром издвојува и 1.2 милиони денари за поддршка на македонскиот шампион“, се вели во дел од соопштението на градоначалникот Муцунски.
- Потег за почит на Општина Аеродром.