Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар со „грчка генералка“ , ни гостуваат ПАОК и Панорама Солун

ЖРК Вардар со „грчка генералка“ , ни гостуваат ПАОК и Панорама Солун

received_377525124574505

Пред почетокот на новата сезона, овој викенд кој е пред нас ќе биде последна прилика за подготвителни дуели на црвено-црните дами. Девојките на Александар Царчев, ќе одиграат две  интернационални контролки со екипи од Грција.

Вардарки ќе бидат домаќини на два тима од Солун, во сабота ќе ја пречекаме екипата на Панорама, овој натпревар ќе се игра во 20-00 часот. Ден потоа во недела (3.септември) за противник ќе го имаме трофејниот тим на ПАОК од Солун, оваа средба против тимот кој е Шампион во грчкиот Куп е закажана со почеток во 13-00 часот.  ЖРК Вардар со овие силни контролки покажува посветеност кон целта девојките да напредуваат со натпревари против тимови од странство, исто така на турнирот во Ѓорче Петров одигравме дуели со тим од Србија (Бор) и Босна и Херцеговина (Борац Бања Лука).