Фудбалската федерација на Македонија во Скопје ќе биде домаќин на Уефа развоен турнир за репрезентации до 15 години (генерација 2008).
Контролните натпревари ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски”. Покрај нашата млада селекција на Македонија, учество ќе земат и репрезентациите на Косово, Малезија и Ерменија. Уефа развојниот турнир ќе се одржи во периодот од 4 до 10 септември.
Првиот натпревар нашата репрезентација ќе го одигра против Ерменија на 5. септември со почеток од 16. часот. Истиот ден од 11. часот силите ќе ги одмерат Косово и Малезија. На 7. септември во второто коло Македонија од 16. часот ќе игра против Малезија. Во 11. часот играат Ерменија и Косово. Последното коло на програмата е на 10. септември, Македонија игра со Косово во 16. часот, додека од 11. часот е дуелот помеѓу Ерменија и Малезија.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 15, Раде Каранфилоски, повика тројца вардарови играчи. Тоа се Павел Грбевски, Матео Кесиќ и Душан Бојовиќ.