Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЖРК Вардар убедлив на „грчкиот тест“, високо совладана Панорама
ЖРК Вардар убедлив на „грчкиот тест“, високо совладана Панорама

ЖРК Вардар убедлив на „грчкиот тест“, високо совладана Панорама

Вчера во салата „Круме Кепески „ во Скопје, се одигра меѓународен пријателски натпревар помеѓу ЖРК Вардар и тимот на РК Панорама од соседна Грција. Девојките на Александар Царчев беа далеку подобри од тимот од Солун и го совладаа со високи 13.гола позитива. Вардарки победија со резултат 36-23.

.
Уште во првите 30.минути на оваа тест-средба вардаровите ракометарки наметнаа ритам против грчкиот тим. Од минута во минута ја зголемуваа предноста над ривалот која за време на паузата беше шест гола. Ние водевме со 18-12 по 30.минути ракомет на дуелот кој се играше во населбата Кисела Вода.
Вториот дел не донесе ништо различно од првиот период, ние сигурно газевме, противникот немаше сили да ја намали нашата предност. Напротив успеавме да зголемиме уште седум гола, па победата дојде со 13.гола позитива, односно со резултат 36-23.

.

По осум гола имаа Ивона Трпевска и Бојана Коцева кои беа први стрелци, Магдалена Тошевска и Сара Стефаноска постигнаа по шест погодоци, а пикерот Џатевска Ивана имаше 3/3 од поле.
На голот Илиќ имаше шест обрани, Трајкоска сопре четири удари, а Ѓорѓиевска одбрани две топки.