Денес свој роденден прославува младиот напаѓач на ФК Вардар, Никола Величковски.
Величковски е „дете“ на Вардар, се уште е дел од младинските екипи на Вардар, а сезонава добива шанса да игра и во сениорската екипа. Уште минатата сезона дебитираше во првиот тим на официјален натпревар, а во минатото коло против екипата на Борец успеа да се запише и во листата на стрелци.
Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси со Вардар.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НИКОЛА.