Ракометарите на Вардар ја забележаа и втората победа во рамките на Супер Лига. Попладнево во С.Ц. Јане Сандански црвено-црните со високи 30:21 ја надиграа екипата на Бутел.
Гостинската екипа имаше само една предност, при резултат 2:3, по што следеше серија од четири последователни голови за избраниците на Недановски. Од тој момент, Вардар постојано беше во позитива и имаше контрола на резултатот. На полувреме можевме да заминеме и со повисока разлика, но во последните четири минути од првиот дел, екипата на Бутел направи серија од 0:3 и на полувреме се замина со достојна негатива на противникот од 16:12.
На овој натпревар, шанса добија и младите ракометари, како и оние со помала минутажа. Недановски не правеше многу ротации, па речиси целиот натпревари го одигра со една постава. Повторно ја вративме највисоката разлика од седум голови, во два наврати имавме и позитива од девет гола, иако имавме и напади за двоцифрена разлика. На крајот конечниот резултат гласеше 30:21.
Јан Чувара, Филип Талески и Ален Ќосевски постигнаа по 5 голови.