Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Со победи против Кул, стартуваше новата сезона за кадетите и младинците на ФК Вардар
Со победи против Кул, стартуваше новата сезона за кадетите и младинците на ФК Вардар

Со победи против Кул, стартуваше новата сезона за кадетите и младинците на ФК Вардар

Кадетите и младинците на ФК Вардар започнаа со победи во новата натпреварувачка сезона. Денес на Локомотива, нашите млади надежи беа подобри од екипата на Кул.

Кадетите славеа победа со резултат 4:2. Екипата на Кул прва успеа да го отвори резултат, во 20 минута од натпреварот за предност од 0:1. После негативата, ние имавме обид преку Трајчевски кој биеше од голема далечина, но без опасност кон голот на гостинската екипа. Се играше 40 минута од натпреварот, кога Сековски нафрли топка од корнер, во противничкиот шеснасетник највисок со глава беше Максим Бундалески кој донесе израмнување на 1:1.

306618907_128279406625821_3517810551717696306_n

Гледавме интересно и уште поефикасно второто полувреме. По само две минути игра во овој дел, Вардар успеа да направи резултатски пресврт и со голот на Дарко Сековски да поведе со 2:1. Сековски се најде на вистинското место на одбиената топка од голманот, кој интервенираше после силен удар на Виктор Стефановиќ од десната страна. Во 55.минута нов гол, овој пат во нашата мрежа, после центар шут од слободен удар. Кул остана со играч помалку, а тоа избраниците на Борче Христов максимално го искористија. Во 65.минута во листата на стрелци се запиша нововлезениот Димитар Стојановски кој погоди на одличен центар шут од капитенот Кулуковски, за водство од 3:2. Печат на нашата победа во 80.минута со својот втор гол денес стави Дарко Сековски кој ги постави конечните 4:2 на овој прв натпревар во кадетската Супер лига.

306948618_128279489959146_488338284433345922_n 307136088_128279369959158_6832801136675622332_n

Вардар: Андреј Данстак, Александар Трајчевски, Рами Рахми, Матеј Митревски, Влатко Кулуковски (К), Виктор Стефановиќ, Максим Бундалески, Агрон Туша, Михаил Кузмановски, Дарко Сековски, Алтин Нурединовски.

До минимална победа стигнаа младинците кои славеа со резултат 1:0. Противникот долго време даваше отпор, се до 88.минута кога нивната мрежа ја затресе Левент Ибраим со удар од 20-сетина метри. Во првиот дел од натпреварот имавме обиди преку Величковски и Цветков, но немаше промена на резултатот. Победата стигна во последните две минути, минимална но вредна три бода на стартот од сезоната.

306716499_128267306627031_4499203642917118452_n 307208366_128267206627041_3226070677552416435_n 307486252_128267123293716_4639241731078039867_n

Вардар: Никола Филевски, Зоран Фидановски, Ѓорѓи Дошев, Левент Ибраим, Никола Величковски (К), Сандро Каровски, Филип Јовановски, Никола Анчевски, Горјан Цветков, Никола Уневски и Марко Стојилевски.

Тренерот Борче Христов им даде шанса за игра и на Стефан Стојановски, Арбин Курти, Филип Блажевски, Андреј Алексокси и Тино Спасиќ.