После четири одиграни кола во групата А од ракометната Супер лига, екипата на РК Вардар остана единствената со максимален број на освоени бодови. Во рамките на 4.коло, црвено-црните на домашен терен беа подобри од екипата на Алкалоид со резултат 28:25. Победи во ова коло остварија и екипите на Охрид и Бутел, додека без победник заврши натпреварот меѓу Струга и Прилеп.
Комплетни резултати од 4 коло:
Куманово – Охрид 22:31
Вардар – Алкалоид 28:25
Вардар Неготино – Бутел 20:27
Струга – Прилеп 25:25.
Вардар е прв во групата со 12 освоени бодови, додека Алкалоид и Бутел имаат по 9. Во следното 5.коло, Вардар гостува кај екипата на Охрид.