Македонија У19 победи на вториот контролен натпревар против репрезентацијата на Кипар. Натпреварот кој се одигра во Струмица заврши со победа на Македонија од 3:2 и тоа со резултатски пресврт со оглед дека на полувреме Кипар беше во предност од 1:2.
Стрелец на победничкиот гол за нашата млада репрезентација беше играчот на Вардар, Марко Стојилевски кој во игра влезе во второто полвреме и погоди во 90 минута, додека Давор Серафимов повторно одигра цел натпревар за составот кој го предводи Неџат Шабани.