Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар остана максимален по 4 одиграни кола во Супер лигата
Вардар остана максимален по 4 одиграни кола во Супер лигата

Вардар остана максимален по 4 одиграни кола во Супер лигата

После четири одиграни кола во групата А од ракометната Супер лига, екипата на РК Вардар остана единствената со максимален број на освоени бодови. Во рамките на 4.коло, црвено-црните на домашен терен беа подобри од екипата на Алкалоид со резултат 28:25. Победи во ова коло остварија и екипите на Охрид и Бутел, додека без победник заврши натпреварот меѓу Струга и Прилеп.

Комплетни резултати од 4 коло:

Куманово – Охрид  22:31

Вардар – Алкалоид  28:25

Вардар Неготино – Бутел  20:27

Струга – Прилеп  25:25.

Вардар е прв во групата со 12 освоени бодови, додека Алкалоид и Бутел имаат по 9.  Во следното 5.коло, Вардар гостува кај екипата на Охрид.