Во сабота (01.10) во рамките на 5.коло во групата А од ракометната Супер лига, екипата на РК Вардар ќе гостува кај Охрид.
Натпреварот во сабота ќе се одигра во спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток од 19:30 часот.
Натпреварот ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола, додека делегат е Славчо Калановски од Струга.
После четири одиграни кола, Вардар има максимален број на освоени бодови, додека Охрид има скор од две победи и два порази.