Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Вардар убедлив против ГФК Охрид во младинскиот дуел, три гола за Величковски
Вардар убедлив против ГФК Охрид во младинскиот дуел, три гола за Величковски

Вардар убедлив против ГФК Охрид во младинскиот дуел, три гола за Величковски

 Младинците на ФК Вардар, денес беа домаќини на ГФК Охрид Лихнидос на дуел од Супер лигата. На натпреварот кој се одигра на стадионот „Локомотива“, црвено-црните момци дојдоа до убедлива победа со резултат 6-1.

 311307581_135246019262493_906483711445957780_n

Вардар: Филевски Никола , Фидановски Зоран, Величковски Никола (К), Стојановски Стефан, Дошев Ѓорѓи,  Анчевски Никола, Јовановски Филип ,  Цветков Горјан,  Алексоски Андреј , Стојилевски Марко и  Спасиќ Тино.

Играа уште: Апостоловски Илија, Ибраим Левент,  Каровски Сандро, Стојановски Христијан и Никола Уневски.

310981164_135246029262492_3471133220575494450_n

Тргнавме офанзивно, на овој натпревар одигравме борбено на стариот прва прилика од слободен удар за нас имаше Цветков Горјан.Веднаш по тоа се закани од дистаница, Алексоски Андреј чиЈ удар мина крај голот на противникот. Удар од дистаница упати и Дошев Ѓорѓи, неговиот шут мина над гредата. Игравме офанизвно од десно одлични топки упатуваше Фидановски, од лево Анчевси со цел да го погодат во средината Никола Величковски. Од двете страни дојде по еден точен центар-шут, нашиот напаѓач одлично реагираше, но за жал не погоди во двата обида. Конечно во финишот дојде погодокот, отворивме за 1-0 преку Величковски Никола. Со тој погодок кој донесе минимално водство заминавме на одмор.

310502708_135245815929180_6245701030665857871_n

Вториот дел започна со наша инцијатива, денес одличниот Спасиќ Тино  успеа да ја удвои предноста во 48.минута. По центар-шут мајсторски упари удар со глава за предност од 2-0. Противникот успеа да ја преполови предноста со гол за 2-1. Следаше наша доминиација, до крајот имаше половина час, во тој период дури четири пати погодовме во мрежата на охриѓани. На сцена стапи Величковски Никола  кој стрелаше за 3-1 (60′) и за високи 4-1 во 73.минута. До крајот погодија и Фидановски Зоран (80`) и  Уневски Никола во последната минута од регуларниот дел за конечните 6-1.

 311379661_135245665929195_7403008621266815839_n