Ништо ново кога е во прашање македонскиот фудбал и љубителите на истиот. Дерби натпреварот на Гостивар и Вардар кој треба да се одигра в сабота, наместо да биде празник на фудбалот со полни трибини, ќе биде осиромашен, бидејќи на навивачите на Вардар им е забрането да гостуваат во Гостивар и да придонесат за уште подобар натпревар.
Причината поради која на ,,Комитите” не им е дозволен влез на стадион е во тоа што противникот не игра на својот стадион во главниот град, туку игра на стадион во Голема Речица. Ќе беше празник на фудбалот за Вардарци, и за ,,Комитите” кои се подготвуваа за одлично гостување и супер бројка. Штета!