Во недела на програмата е дербито во ВМФЛ, во кое ќе се сретнат екипите на Гостивар и Вардар.
ФФМ за главен судија го делегираше Доне Ристовски од Гевгелија, додека негови помошници ќе бидат Петар Новачев (Велес) и Тоше Ицев од Кавадарци.
Натпреварот во недела ќе се одигра на теренот во с. Голема Речица од 14:00 часот.