Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Христијан Петковски: Наградата за најдобар десен бек ќе претставува само дополнителен мотив за докажување
Христијан Петковски: Наградата за најдобар десен бек ќе претставува само дополнителен мотив за докажување

Христијан Петковски: Наградата за најдобар десен бек ќе претставува само дополнителен мотив за докажување

Изминатиов перод во Скопје, се одржа второто издание на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во организација на нашиот ракометен клуб. Овие два дена се играа натпреварите во машка и женска конкуренција, за генерација родени 2004/05 година. Првото место кај момчињата, го освои екипата на Рк Илинден Вардар, додека кај девојчињата триумфираше тимот на Рк Кастратовиќ 1.

-Ова е мое прво искуство, во два дена да одиграм голем број на натпревари , ново искуство каде дефинитивно се посветувам на ракометот. Бидејќи до пред неколку месеци паралелно тренирав и кошарка, сега знам дека го сакам ракометот и ќе се посветам максимално.

Христијан Петковски го освои второто место со екипата на Опш. Кисела Вода, откако во финалето беа поразени од тимот на Рк Бисинов-Вардар. Христијан се најде во идеалниот тим на турнирот, како најдобар десен бек.

-Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на моите тренери Кристијан, Влатко и Стевче кои несебично ме ,,убедија ,, да бидам ракометар. Секако дека сум задоволен со освоената награда за најдобар десен бек и ќе претставува само дополнителен мотив за докажување, исто и освоеното второ место.

Христијан потекнува од ракометно семејство, тој е син на познатиот Зоран Петковски, или популарниот “Зенга“ , кој ги предводи младинците на Рк Вардар. Неговиот исто така постар брат настапува за младинците на позицијата голман.

-Можеби сите очекуваа и јас да бидам голман како мојот татко и брат , но мене таа позиција не ме интересира така што во ракометот се гледам како десен бек. Еуфоријата и следењето на натпреварите во Лигата на шампиони си го направи своето, секако и домашната ,,ракометна атмосфера,, да се одлучам за ракомет. Времето ќе покаже ама мислам дека не згрешив во мојата конечна одлука. Многу ми значат советите од татко ми, каде ми укажува како треба да се однесувам за еден ден да бидам реномиран ракометар и спортист, изјави Христијан Петковски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски