Навивачите на ФК Вардар, популарните ,,Комити” продолжуваа да поставуваат стандарди на македонската тифо-сцена. Откако минатата недела имаа свое шоу на трибините и полн коп, сега веќе неколку денови се мобилизираат и најавуваат одново спектакл, овој пат на гостински терен во Виница, каде Вардар утре од 13 часот игра нов првенствен дуел.
Низ скопските улици овие денови навивачите на Вардар истакнуваа пароли и најава за гостувањето во овој македонски град. Се очекуваат нешто повеќе од 200 Комити да тргнат утре на пат за Виница и одново да го бодрат својот миленик.
Поаѓањето за навивачите е во 11 часот од Железничка, а пак собирот еден час порано.