Вечерва со почеток од 20:30 часот, Македонската ракометна репрезентација ја очекува нов натпревар на Европскотото првенство во Полска, прв во новоформираната група. Противник е силната селекција на Хрватска. На овој мундијал Хрватите дојдоа со малку подмладен и изменет состав, за разлика од претходните првенства на кои настапувале. Во групата, избраниците на Жељко Бабиќ издвојуваа две победи и еден пораз и тоа оној “неочекуван“ против Норвешка. Совладани беа селекциите на Белорусија и Исланд. Едни од новите ракометари во репрезентацијата на Хрватска на овој мундијал е двоецот од Вардар, средните бекови Игор Карачиќ и Лука Циндриќ.
Пред овој натпревар Карачиќ истакна дека навивал за Македонија во првата групна фаза и вели дека нашата селекција немаше среќа да пренесе некој бод во новоформираната група, токму во дуелот со домаќинот Полска. Истакнува дека едвај го чека вечерашниот дуел, да се види со своите другари од Вардар, па подобриот на крј нека победи. Токму од овој аспект за нас ќе биде интересен овој меч, на еднатга страна за Македонија, Стоилов, Манасков и Ф. Лазаров, на спротивната страна, тоа се Карачиќ и Циндриќ за Хрватска. Сигурно е дека повеќе од добро се познаваат од настапите во црено-црниот дрес, она што им останува е вечерва да се надигруваат, но сега на спротивставени страни. Хрватска во оваа група ќе стартува со 2 бода, додека Македонија е во очекување на првите бодови. Претходно во истата група, ќе отворат селекциите на Франција и Белорусија.