Пионерите на ФК Вардар гостуваа, денес кај Академија Пандев, на мечот од Супер лигата во Струмица бевме поразени со резултат 4-2 (2-2).
Вардар: Нанчовски Стефан, Атанасовски Лука, Порчу Димитар, Николовски Марко, Величковски Андреј, Танчев Михаил, Гаштаров Матеј, Алексовски Дамјан , Цониќ Максим, Миовски Александар и Спасовски Милош.
На почетокот на натпреварот имавме иницијатива и тоа резултираше со гол , Марко Николовски со прекрасен удар од 25 метри донесе водство од 0:1 во 5.минута. Сепак по една наша грешка дозволивме контра и противникот израмни на 1:1. Веднаш после првиот примивме уште еден гол за 2:1. Повторно притиснавме и после една нафрлена топка, во 26.минута Максим Цониќ израмни на 2:2, резултатот со кој заминавме на полувреме.
Во вториот дел игравме слабо и дозволивме да примиме два гола за конечни 4:2, ривалот погоди во 79 и 84.минута. Противникот го исконтролира овој период и дојде до три бода.
Играа уште: Јанкоски Драга, Хасиќ Мирза, Грбовиќ Дарис, Бектеши Хабиб и Ѓорѓиевски Матеј.