Генерациите 2008 и 2009 на ФК Вардар имаа успешно коло, откако успеаа да забележат победи на натпреварите против екипата на Форца, во рамките на 7.коло во Регионалната Скопска Лига.
Лука Грчевски одбрани 2.пенала, победа за пом.петлиња над Форца. Генер. 2009 стигна до победa против екипата на Форца. Помладите „петлиња“ го „слават“ голманот Лука Грчевски, кој денес одбрани два пенали и донесе победа (0:1) на гостувањето кај екипата на Форца. Вардар го заврши натпреварот и со два црвени картони, но сепак успеа да стигне до три бода.
По првото полувреме имавме предност од 0:1 со голот на Андреј Јовиќ во 14 минута, кој со прецизен удар кој заврши во долниот лев голмански агол успеа да ни донесе предност од еден гол. Во првото полувреме бевме поактивни од противникот, обиди имаа уште и Матеј Николов, како и Алек Чедомирски, но ништо посериозно кон голот на домашниот тим.
Во вториот дел, за краток период, беа досудени два пенали за домашната екипа, но во двата наврати поуспешен беше нашиот голман, Лука Грчевски, кој излезе како победник во соочувањата со противничките играчи. Во овој дел од натпреварот, црвен картон доби и Коста Бошковски. Сепак на крајот дојдовме до минимален триумф со резултат 0:1.
Вардар: Лука Грчевски, Давид Колевски, Лука Галевски, Вилијам Ангеловски, Даниел Колевски (К), Павел Котески-Митровски, Андреј Јовиќ, Алек Чедомирски, Матеј Николов, Коста Бошковски и Матеј Ристевски.
Играа уште и Даријан Величковски, Максим Дошев и Давор Павловски.
Генерацијата 2008 го победи тимот на Форца, кој беше лидер на табелата пред одигрување на 7.коло.
Денес на теренот во Драчево, натпревар во Регионалната Скопска Лига одиграа екипите на Форца и Вардар. Избраниците на Влатко Колев беа подобар противник на теренот и на крајот заслужено стигнаа до бодовите, славејќи триумф со резултат 0:2.
По еден гол постигнавме во двете полувремиња од натпреварот. Резултатот успевме да го отвориме во 37.минута со голот на Илија Митаноски, кој излезе очи во очи со голманот кој успеа да го совлада за предност од 0:1.
Имавме шанси и во вториот дел од натпреварот, а една од нив искористи нововлезениот Омер Идризи, кој погоди од некаде седум метри од полудесно со удар во спротивниот агол за водство од 0:2, резултат кој на крајот се покажа и како конечен на овој натпревар во Регионалната Скопска Лига за повозрасни петлиња.
Ова беше трет триумф сезонава за Вардар кој има и два нерешени резултати, додека екипата на Форца има пет победи и два порази ( но и два натпревари повеќе од нас).
Вардар: Павел Грбевски, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Матео Кесиќ, Иван Ташовски (К), Илија Митаноски, Душан Бојовиќ Заев, Петар Блажевски, Дамјан Буцевски, Дамјан Блажев и Данило Делев.
Играа уште и Леонид Стамчевски, Омер Идризи, Марко Шотаровски, Ендрит Кадрији и Беким Дарлишта.