Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар поразени во Струмица
Пионерите  на ФК Вардар поразени во Струмица

Пионерите на ФК Вардар поразени во Струмица

Пионерите на ФК Вардар гостуваа, денес кај Академија Пандев, на мечот од Супер лигата во Струмица бевме поразени со резултат 4-2 (2-2).

Вардар: Нанчовски Стефан, Атанасовски Лука, Порчу Димитар, Николовски Марко, Величковски Андреј, Танчев Михаил, Гаштаров Матеј, Алексовски Дамјан , Цониќ Максим, Миовски Александар и Спасовски Милош.

На почетокот на натпреварот имавме иницијатива и тоа резултираше со гол , Марко Николовски со прекрасен удар од 25 метри донесе водство од 0:1 во 5.минута. Сепак по една наша грешка дозволивме контра и противникот израмни на 1:1. Веднаш после првиот примивме уште еден гол за 2:1. Повторно притиснавме и после една нафрлена топка, во 26.минута Максим Цониќ израмни на 2:2, резултатот со кој заминавме на полувреме.

Во вториот дел игравме слабо и дозволивме да примиме два гола за конечни 4:2, ривалот погоди во 79 и 84.минута. Противникот го исконтролира овој период и дојде до три бода.

Играа уште: Јанкоски Драга, Хасиќ Мирза, Грбовиќ Дарис, Бектеши Хабиб и Ѓорѓиевски Матеј.