Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чувара прв стрелец, Вардар убедлив со Прилеп
Чувара прв стрелец, Вардар убедлив со Прилеп

Чувара прв стрелец, Вардар убедлив со Прилеп

Ракометарите на PK Вардар 1961, денес беа домаќини на Прилеп и  го совладаа тимот  со 41-27,  ова беше средба во рамките на 10.коло на Супер лигата. Момците на Владо Недановски во Групата-А имаат 10/10 и максимални 30.бода.

Гостинот од Прилеп  парираше само на почетокот, имаше резултатски приклучок се до 6-7, по што црвено-црните беа тимот кој имаше повеќе од играта. Ние бевме поефикасни, ги затворивме приодите кон нашиот гол,  на одмор се замина со водство од шест гола за нас. За време на паузата беше  19-13 за  момците на Вардар.

Вардарци тргнаа фуриозно и во вториот дел, во Јане Сандански,  гостинскиот тим неможеше да парира на вардарци, отидовме и на двоцифрена предност при резултат 28-18. Победата беше остварена со високи  14.гола повеќе, односно со резултат 41-27 на крајот.

Најдобар стрелец кај нас беше  Јан Чувара  со девет погодоци, двајца играчи имаа 5ки,  Лазаревски и Савревски.