Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери триумфално во Струмица, совладана А.Пандев со 0-2
Пом.пионери триумфално во Струмица, совладана А.Пандев со 0-2

Пом.пионери триумфално во Струмица, совладана А.Пандев со 0-2

Помладите пионери  на ФК Вардар, денес гостуваа кај тимот на А.Пандев во Струмица, на оваа средба црвено-црните дојдоа до победа со резултат 0-2 (0-1).

Вардар: Јаневски Лука, Ивановски Алексеј, Смиљков Филип, Крстевски Марко, Керими Фуад, Котевски Петар, Давитов Петар, Јорданоски Михаил, Стојанчевски Ненад, Шаботиќ Емир и Радески Златко.

313996206_3261941600764287_6287748299430596234_n
Првиот дел ни припадна на нас, ние бевме тимот кој имаше иницијатива, па тоа донесе предност по 45.минути фудбал во Струмица. Погодивме преку Котевски Петар со чиј погодок обезбедивме предност од 0-1 со која заминавме на пауза. По една мешаница најдобро се снајде нашиот играч, Котевски кој претходно доби одлична асистенција од Шаботиќ , шутна силно по земја голманот одбрани, во вториот обид упати силен удар крај голманот на домаќинот.

2
Во вториот дел нападнавме со сите сили со цел да ја удвоиме предноста над противникот, по една течна акција во 84.минута пред самиот гол на ривалот комбиниравме, упати удар Радески Златко, а нивниот играч немаше можност да исфрли во поле и ја затресе својата мрежа, што ни донесе предност од 0-2. Ние доминиравме на целиот меч, игравме пресинг и имавме повеќе од поседот. Прилика во вториот дел со глава имаше и Давитов која мина крај гол конструкцијата. Пречка во овој дел имаше и Филип Димевски. До крајот изигравме одлично и ја задржавме истата.

Играа уште: Спасовски Јовица , Трајчевски Гоце , Димов Михаил и Филип Димевски.