Вчера, во 2.коло од турнирот во Романија, девојките на Царчев се сретнаа со тимот на домаќинот, Униреа Слобозија. Ривалот дојде до победа на „крилјата“ на судиската двојка која не беше на ниво за вака важен меѓународен натпревар. Тие не совладаа со 39-34.
Првиот дел беше резултатска „нишалка“ нашите девојки постојано поведуваа ривалот се враше на реми, потоа они поведуваа ние изедначувавме. Па на одмор се замина со резултатска симетрија 20-20. Во вториот дел ние продолживме храбро, сепак како што напоменавме во воведот судиските одлуки донесоа „ветер во грб“ на домашниот состав. Победата ја остварија со 39-34.
Кај нас Миновска имаше 6.гола, а Ивона Трпевска стрелаше во 5.наврати, по 4.гола имаа Сара Стефаноска и Ивана Џатевска. Илиќ имаше 10 одбрани (3.пенала), Трајкоска впиша 4.интервенции.