Вардар од поодамна се гуши во финансиски проблеми, уште во последните години од владеењето на бившиот газда Сергеј Самсоненко, а беспарицата ги оптоварува и актуелните газди кои го преземаа лани клубот и градот Скопје по предлог на советниците од ВМРО-ДПМНЕ изгласаа финансиска помош со цел да им се помогне на црвено-црните во тековната сезона во битката да се вратат во Првата лига.
Безмалку еден час траеше расправата во град Скопје за финансиската помош на црвено-црните, кои сега ќе добијат пари за да ги подмират долговите што се наталожија, а фудбалерите да се сконцентрираат да ја завршат победнички есенската полусезона.