Фудбалерите на Вардар се враќаат на врвот на првенствената табела, откако попладнево во Велес го победија тимот на Тетекс со 0:2, а Гостивар на домашен терен одигра само 1:1.
Вардар имшае контрола на топката, на резултатот во Велес. Створи добри шанси за гол во првиот дел, а погоди Николовски по супер асистенција на Ристески. Да додадеме дека Гачевски во првиот дел имаше две супер одбрани. Во вториот дел Мицевски од белата точка стрелаше за 0:2 и победа. До крајот на дуелот се истакна голманот на домаќините кој спречи и поголема предност за Вардар.
Во следното коло, се игра големото дерби на Македонија во Битола. Вардар дербито ќе го дочека како прв на табелата.